Конте може да го замени Артета во Арсенал

Лондон, 24 август 2021 (МИА) – Италијанскиот тренер Антонио Конте може да го предводи лондонски Арсенал, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, фудбалскиот стручњак може да го замени Микел Артета на оваа функција доколку биде отпуштен. Објавено е дека раководството на лондонци веќе води преговори со Конте.

Арсенал по две кола не успеа да освои ниту еден бод ниту да постигна гол. Навивачите на „топчиите“ веќе побараа оставка од Артета.

Последната работа на Конте беше Интер, со кого ја освои шампионската титула минатата сезона.

- Реклама -