Две третини од Американците сметаат дека војната во Авганистан не вредела

Вашингтон, 20 август 2021 (МИА) – Околу две третини од Американците веруваат дека 20-годишната војна во Авганистан не вредела да се води, покажа новото испитување на јавното мислење.

Истражувањето спроведено од Асошиеjтед прес и истражувачкиот центар НОРЦ, исто така, покажа дека Американците се длабоко поделени во врска со начинот на кој претседателот Џо Бајден ја води надворешната политика и управува со националната безбедност, пренесува Бета.

Според истражувањето, спроведено од 12 до 16 август, 47 проценти од испитаниците ја одобруваат надворешната политика на Бајден, додека 52 проценти имаат позитивен став кон неговата политика во областа на националната безбедност.

Бајден наиде на остри критики од двете големи американски партии, чии членови го обвинуваат дека ја поттикнал хуманитарната криза во Авганистан со лошата подготовка за офанзива на талибанските екстремисти, кои минатата недела ја презедоа контролата врз речиси целата земја.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Околу две третини од анкетираните Американци, исто така, рекоа дека војната во Ирак, во која САД учествуваа од 2003 до 2011 година, била грешка.

Околу 50 проценти од Американците се загрижени за заканата што ја претставуваат екстремистички групи надвор од САД, а третина се релативно загрижени.

Околу две третини од испитаниците изјавија дека се крајно или многу загрижени за заканата што ја претставуваат екстремистичките групи во рамки на САД.

- Реклама -