Квантас: Сите вработени мора да се вакцинирани

Канбера, 18 авгуист 2021 (МИА) – Австралиската авиокомпанија Квантас денеска соопшти дека од сите вработени ќе бара да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Пилотите, екипажот и вработените во аеродромот ќе мора целосно да бидат вакцинираат до 15 ноември, а останатите до 31 март следната година, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека ќе има исклучоци за оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Анкетата изработена за потребите на авиокомпанијата покажа дека 89 проценти од вработените се вакцинирани или планираат да се вакцинираат.

Квантас соопшти и дека овој месец 2.500 вработени ќе останат дома најмалку два месеци без плата, поради воведениот карантин, што го намалија патувањето во Австралија.

Претходно, австралиската авиокомапнија побара од сите меѓународни патници да бидат вакцинирани кога ќе се отворат границите.

И Американ ерлајнс и хонгхоншката авиокомпанија Кетхај ерлајнс соопштија дека е задолжителна вакцинацијата против Ковид-19 за сите вработени.

- Реклама -