Федерер ќе паузира подолго време

Скопје, 16 август 2021 (МИА)

Роџер Федерер ќе го пропушти УС Опен и, како што објави на Инстаграм, ќе паузира „многу месеци“ бидејќи му е потребна трета операција на десното колено.

Швајцарецот рече дека постапката ќе му остави „трошка надеж“ дека ќе може да се врати на терен.

Четириесет годишниот Федерер, кој има 20 титули на грен-слем призна дека постои шанса неговата кариера да заврши, но рече дека ќе го рехабилитира коленото со цел да направи уште еден кам-бек.

– Сакам да бидам здрав. Сакам да трчам повторно, и сакам да си дадам трошка надеж, исто така, да се вратам на турнејата во некоја форма, рече Федерер.

Дополни дека е реален и дека знае колку е тешко на таа возраст да направи уште една операција.

Федерер пропушти повеќе од една година откако прво го оперираше коленото кратко по Австралија опен 2020 година во февруари, потоа имаше уште една процедура во јуни.

УС Опен е последниот грен-слем турнир во сезоната и започнува на 30 август во Њујорк. Надал се соочува со повреда на стапалото, а Ѓоковиќ се повлече од турнирите велејќи дека треба да се одмори и да закрепне по Олимпијадата.

- Реклама -