Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и голманот Тибо Куртоа се договорија за продолжување на договорот кој го образува голманот да ја брани мрежата на кралскиот клуб во наредните пет години.

Со продолжувањето, голманот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ во следните пет сезони, до 30 јуни 2026 година.

Белгиецот дојде во Мадрид од Челси во 2018 година, оттогаш забележа вкупно 130 настапи за Реал Мадрид.

МИА

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите
- Реклама -