Ахмети: Мисијата на Хасан Приштина не е завршена, таа продолжува со патот кон ЕУ


Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска присуствуваше на тематската трибина „Албански каузи – пред и по Хасан Приштина“.

Во својот говор пред присутните, претседателот Ахмети зборуваше за отпорот, политичките и дипломатските движења.

„Хасан Приштина ќе остане водич за целото Албанско патриотско движење. Неговата прва порака беше дека не се потребни ниту чифлиците, ниту богатството без слобода, без интегритет, без држава и не случајно го стопи целото богатство бидејќи без интегритет и суверенитет, без национална слобода не повеќе ни од парче сапун остануваа сите чифлици. Научивме многу од овој патриот, научник. Научивме за постојаните движења, отпорот, за политичките и дипломатските движења. Тоа беше многу тежок период како премиер на Албанија, период кога веќе беа завршени сите проекти и планови од Свети Стефанската конференција во која Албанскиот простор не е ништо повеќе од парче за пазарување со цел да се задоволи апетитот на соседните земји. Тоа не е ништо повеќе од географски израз и почетоците се уште од Конференцијата на Свети Стефан што се повеќе ги распарчуваа, осакатуваа, протеруваа Албанците, се применуваа елаборати од Москва, од Белград, од соседните земји“, рече Ахмети во својот говор.

Според Ахмети, Хасан Приштина влезе во дејноста за организирање отпор, но не изолиран само кај Албанците, туку создавајќи сојузи.

„Во овој период, што е многу интересен период по Версај, Хасан Приштина влезе во дејноста на организирање отпор, но не изолиран само кај Албанците, туку создавајќи сојузи со Хрватите, Црногорците, за заедничко востание против Југословенската империја која исто така беше воспоставена на доста високо државно ниво во координација и соработка со два европски центри, Виена и Рим, во кој случај започнуваат активностите за инсталирање на специјализирани трупи за подготовка на заедничкиот отпор. Откако беа испитани и пријавени други центри како Берлин, Лондон, Париз, тогаш оваа дејност беше прекината и сите експерти кои беа инсталирани во Албанските области како Тирана, Скадар, Валона, Приштина, Призрен беа принудени повторно да се вратат во Бари, Италија и целата таа инвестиција што ја направи Хасан Приштина не беше реализирана затоа што беше саботирана, бојкотирана и уценета од големите сили со единствена цел да функционира Мировната конференција која всушност не воспостави мир. Исто како што Втората светска војна не заврши без заклучок на нерешеното Албанско прашање и две држави што беа создадени на Версајската конференција, единствените, Југославија и Ирак. Едната се распадна, а другата сеуште функционира, но со функционалност без познат крај“, нагласи дополнително Ахмети.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Понатаму, Ахмети зборуваше и за недовршената мисија за членство во Европската Унија.

„Значи, примерот на Хасан Приштина, Иса Болетини, нивната работа, на Азем Бејта, Бајрам Цури дека во документ што го доставивме до Академијата на науките во Приштина не знам зошто не се објавува за Бајрам Цури, каде Москва бара негово погубување затоа што се смета дека оваа народна трибина е многу опасна, и не е случајно да бидат погубени Хасан Приштина, Луиѓ Гуракуќи, да биде отруен Исмаил Ќемали, така што конечно плановите што беа поставени на Свети Стефанската конференција и беа запечатени со Версајската конференција да бидат функционални. Јас сум многу горд заедно со моите содејствувачи и сведок ми е Садри Рамабаја, дека ние никогаш не застанавме со организацијата, мобилизацијата, и конечно постигнувањето на целта на Хасан Приштина и на сите патриоти кои дадоа толку многу пот и крв што го сфаќаме преку Ослободителната војска на Косово. Но имаме уште многу работа, нашата мисија сеуште не е завршена, нашите земји мора да станат членки на Европската Унија, бидејќи повеќе европски од тоа што ние Албанците го дадовме и го направивме за Европа не можат да бидат другите. На крајот на краиштата првата татковина на овие Европејци е токму околината каде што живееме денес и Европа нема да биде мирна, спокојна без Албанците во неа, како што сме во НАТО. Работиме, дејствуваме така што Косово да стане членка на НАТО што е можно поскоро и исто така да пристапи кон Европската Унија. Затоа, г. Рамабаја не сторивме повеќе отколку што се ангажираа Хасан Приштина, Иса Болетини, Азем Бејта, Бајрам Цури и Калош Дани. Затоа, овде каде што сме, ги поместивме работите на подобро, да ја поместиме лавината од добри дела уште подалеку до крајот на нашите мисии“, заврши Ахмети.

- Реклама -