Османи: Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, но земјава продолжува да ги исполнува критериумите за членство

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, продолжуваме со комуникација на ниво на МНР, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите – изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива. Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има институции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжи и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите. Се разбира тоа е колку да се одржи една комуникација на ниво на МНР за да не се создаде јаз којшто потоа потешко ќе може да се исполни, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада, политички институции за да може да се најде решение“, рече Османи на новинарско прашање.

Тој потврди дека ние сме спремни да продолжиме со разговорот, продолжуваме со реформите внатре во делот на европската интеграција и сме во очекување на предвидливост во Бугарија за да можат да продолжат политичките разговори. Омани го посочи претстојниот Самитот на ЕУ на 6 октомври во рамки на словенечкото претседателство, како една исклучителна можност да се круниса успехот и да се даде сериозна порака кон Западен Балкан дека овојпат персективата се враќа на својот колосек, меѓутоа, додава, сепак сме во очекување на тоа што се случува во Бугарија.

„Јас цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна за да се донесе одлука за започнување на преговори, бидејќи политичката одлука за истата е веќе донесена. Донсена е во март 2020 година со согласност и на Република Бугарија. И првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување на една политичка одлука и оттука се надевав дека може и техничка влада да ја донесе односно службена влада да ја донесе таа одлука. Меѓутоа очигледно тоа се покажа како неможно дека сепак ситуацијата во Бугарија е до тој степен да одлуката не може да се донесе без да се формираат институциите. Така да, сигурно дека овие вести коишто доаѓаат од таму не се охрабрувачки по однос на прашањето, меѓутоа ние продолжуваме, ќе продлжиме да комуницираме како што комунициравме претходните денови на ниво на експерти со МНР и со техничката влада таму ибедувајќи дека не смее регионот и европската перспектива на регинот да биде заложник на внатрешните политички динамики на која било земја членка“, вели Османи.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Тој информира дека и во услови кога европската перспектива на регионот не е во своите најблескави денови, земјава продолжува да ги исполнува критериумите за членство.

„Да, исполнивме една важна одредница. Со вчерашниот ден, почнувајќи од септември минатата година односно со почетокот на овој мандат т.е. помалку од една година, РСМ испорача точно 100 придружувања кон заедничката надворешна и безбедна политика на ЕУ вклучувајќи тука и рестрикции и санкции, со што вкупниот степен на усогласување со ЕУ за прв пат надминува 95 проценти со тенденција за стопроцентно усогласување кон европската надворешна и безбедносна политика… Во време кога и самата ЕУ не успева да обезбеди консензус за продолжување на нашите европски интеграции ние јасно покажуваме дека сме цврст и принципиелен партнер и дека од аспект на нашата европска ориентација немаме дилема дека сме дел од Европа и припаѓаме во Унијата“, вели шефот на дипломатијата.

МИА

- Реклама -