Емотивна сцена од пожарите во Грција: Новинарка убедуваше мештанин да се евакуира, на крајот двајцата се расплакаа (ВИДЕО)

Човештвото започна приватни летови во вселената, но човекот останува и натаму речиси целосно немоќен пред „забите“ на природата овде на Земјата. А во таквиот безизлез, до израз доаѓа човечноста. Ако доволен доказ не ни се пожарите во нашата држава, доволно е да погледнеме од другата страна на нашата јужна граница.

Од опожарениот остров Евија ни пристигнува трогателна репортажа од пожарот во Галатос. Новинарката Евлампија Реви од ТВ „Опен“ известува од пред една од куќите кои наскоро може да бидат проголтани од огнот.  Наидува сопственикот. Зеленилото во позадина сведочи колку љубов вложил во својот дом. Кратко разговараат. Веднаш се гледа дека човекот речиси целосно го изгубил гласот поради чадот кој со денови го вдишувал, и самиот тоа го објаснува. Таа, додека бара маска во ранецот, го убедува да се евакуира. Тој, пак, будала како и многумина што би се нашле на негово место, вели ќе останел, куќата ќе ја бранел од огнот. Новинарката упорна, старчето уште поупорно. Одеднаш браните попуштаат и двајцата прснуваат во солзи…

Телевизијата подоцна информираше дека полицијата сепак успеала да го евакуира човекот и дека тој е на безбедно, пренесе А1он.мк.

- Реклама -