Париз, 10 август 2021 (МИА)
Лионел Меси пристигна во Франција за да потпише за ПСЖ, откако се согласи на двегодишен договор, пишува „Гардијан“.
Како што пренесуваат оттаму, договорот вклучува опција за продолжување за една година и му дава на напаѓачот нето плата од околу 35 милиони евра со бонуси.
При полетувањето од Барселона, Меси беше поздравен со твит на ПСЖ, кој потврди дека се приклучува и го поздрави „новиот дијамант во Париз“.
Овој потег му овозможува на Меси повторно да се поврзе со Нејмар, поранешен соиграч во Барселона.