Авиони и хеликоптери од ЕУ за пожарите на Западен Балкан, за Македонија 45 пожарникари од Словенија

Додека шумски пожари продолжуваат да афектираат повеќе региони во Средоземјоморјето и Западен Балкан, Европската комисија брзо мобилизира поддршка за помош на земјите во ограничување на ширењето на пожарите и заштитата на човечките животи и имот, соопшти ЕУ.

Како што се наведува во соопштението, помошта е следна:

• Два противпожарни авиони Канадери од Франција се испраќаат во афектираните области во Италија и започнуваат со операциите уште денеска.
• Два противпожарни авиони од Кипар ќе ѝ помогнат на Грција, заедно со противпожарен тим за поддршка на операциите на земја.
• Два хеликоптери за поддршка во Албанија ќе бидат испратени од Чешка и Холандија.
• Словенија испраќа тим од 45 пожарникари во Македонија.

Помошта се испраќа преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, при што ќе бидат финансирани најмалку 75% од трошоците за транспорт, се наведува во соопштението.

„Работиме без запирање за да испратиме помош за пожарите што беснеат низ Европа. Им се заблагодарувам на Кипар, Чешка, Франција, Словенија и на Холандија за брзото испраќање противпожарни авиони, хеликоптери и тим од пожарникари за поддршка на земјите силно афектирани од шумски пожари. Цивилната заштита на ЕУ се погрижува нашите расположиви противпожарни средства да се искористат со максимален капацитет. Ова е одличен пример на ЕУ солидарност во тешки мигови“, изјави комесарот за кризен менаџмент – Јанез Ленарчиќ.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Од Европската комисија посочуваат дека оваа помош се случува паралелно со напорите кои се во тек во Турција, како и на Сардинија во Италија на крајот на јули. Сателитските мапи од сателитот за кризен менаџмент – „Коперник“, овозоможуваат дополнителна поддршка за итните служби и координација на операциите. Координативниот 24/7 центар на ЕУ е во постојан контакт со службите за цивилна заштита во афектираните земји, со цел внимателно следење на ситуацијата и канализарање на помошта на ЕУ, се додава во соопштението.

- Реклама -