„360 степени“: Владата го унапреди Стојанче Ангелов во директор на ЦУК

На денешната седница, последна пред летните одмори, Владата го унапреди Стојанче Ангелов во директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објави „360 степени“. Досега тој беше в.д директор на институцијата, како впрочем и најголемиот број директори на институциите.

Ангелов, кој со последните огнени стихии низ државата е мета на жестоки критики, неодамна на социјалните мрежи ги предизвика оние што сметаат дека ќе бидат подобри од него, да се јават на владиниот Јавен оглас за директор на ЦУК. Вчера, пак, изјави дека ако се утврди негова одговорност, ќе си замине од државата, но исто така изјави и дека смета дека треба да биде награден што го спасил Кочани. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени
- Реклама -