Заев: Колку поуспешни ни се политиките против корупција, толку подобар ќе биде економскиот стандард за сите

„Со корупција нема економија, а наша конечна цел со сѐ што работиме е да го подигнеме економскиот стандард на граѓаните“, порача премиерот Зоран Заев денеска на собраниската седница за пратенички прашања.

„Колку повеќе успеваме во овие политики, пред сѐ на одговорните инстиуции, толку повеќе ќе имаме подобар економски стандард за сите“, додаде тој.

Премиерот оцени дека денеска во државава сѐ е транспарентно и јавноста знае/е информирана за сѐ. Тоа, истакна тој, треба да е сериозна порака до секој политичар дека борбата против криминалот и корупцијата продолжува и никој нема да биде поштеден од било какви индиции или незаконски или постапки кои водат кон корупција или криминал.

Тој стави акцент дека ова важи за сите раководни ешалони – и за тие од првиот, и за тие од вториот, и секој друг ешалон, за сите граѓани. Притоа упати јасна порака до сите носители на јавни функции и државни службеници дека никој нема да биде поштеден.

„Поради транспарентноста граѓаните укажуваат јавно на сите коруптивни работи, како и на индиции за коруптивни работи. Затоа, на тој начин, верувам дека ќе успееме уште повеќе да испорачаме резолутати во борбата против криминалот и корупцијата“, рече Заев, порачувајќи дека сите треба да сме непријали и противници на корупцијата, додавајќи притоа дека оваа Влада, за разлика од претходно, сериозно ги зема и ги има во предвид и постапува по сите меѓународни извештаи.

„Министерот за правда одржа состанок со Американската амбасада да ги побара сите детали, да ни биде укажано, да ги знаеме сите информации, за да во рамките на надлежностите на Владата ние постапиме таму каде што сме надлежни“, истакна Заев.

- Реклама -