Ристовска: Бизнисот на Груевски во Унгарија може да биде основа за новa постапка против него

Бизнис активностите на Никола Груевски, за кого унгарските медиуми објавија дека отворил своја фирма со седиште близу Будимпешта, можат да бидат основа за нов предмет против експремиерот, и тоа за перење  пари – смета обвинителката Ленче Ристовска, во изјава за „Дојче веле“.

Според неа, ако се дојде до сознанија дека Груевски има вложувања во странство со изнесени пари од Македонија, а со оглед дека за него во земјава се водат неколку постапки за кривични дела поврзани со корупција од кои е остварен профит, тоа може да биде основа за отворање на нов предмет или предистражна постапка, што ќе овозможи, преку меѓународна правна помош, и да се побараат информации за унгарските власти за тоа кога се отворени сметките, колку пари се слеани на нив и во кој период.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Во меѓувреме, пишува „Дојче веле“, во Македонија никој не побарал од финансиската полиција да ги провери сметките на Груевски. Целиот текст ТУКА.

- Реклама -