Битиќи до ВМРО-ДПМНЕ: „Ние за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра“

„Рекоа дека ќе ја направат просечната плата 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето. Ние за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме. Буквално на 1200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата“, изјави вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ – Фатмир Битиќи, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Тој посочи дека наспроти обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ – дека со зголемувањето на минималната плата ќе крахира економијата, тоа не се случило дури и покрај пандемијата.

Битиќи направи споредба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во однос на креирањето на нови работни места. За разлика од актуелната опозиција кога беше на власт, власта на СДСМ поттикнува нови работни места, но притоа бара платите да бидат минимум 50% над минималната плата.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Замислете, ВМРО користеа ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари. Но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеќе од 22.500 денари. Можеби не е доволно, но секако е повеќе“, рече Битиќи.

Според него, новите инвестиции, до крајот на годината, ќе отворат нови 1.600 работни места.

- Реклама -