Македонскиот шоумен Игор Џамбазов со отворени раце ја дочека „поканата“ на лидерот на „Има таков народ“ – Слави Трифонов, кој денеска најави дека ќе направел сѐ за да испрати Бугарин и Бугарка како астронаути во НАСА, а со нив, како што рече, и еден „северномакедонски“ астронаут.
Како што може да се види од Инстаграм, Џамбазов веќе го облекол вселенскиот скафандер, а со нетрпение го чека утрешниот ден, во 17 часот, за кога им закажа средба на колегите астронаути пред „вселенската станица Ќустендил“, за да почнат со тренинзи…
View this post on Instagram
На Игор не е му прв пат да ги закачка нашите источни соседи, ама и не е случајност што сега му реплицира токму на Слави Трифонов. За оние што некако успеале да пропуштат, тие двајца имаат долга меѓусебна, или што би рекле Бугарите – „заедничка“ историја.