ВМРО-ДПМНЕ: Не смее кршењата на Уставот да поминат со објаснување, Џафери треба да понесе одговорност

„Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите“, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев денеска изјави дека собранискиот спикер го прекршил Уставот, но дека нема да бара одговорност од него, туку ќе чека Џафери (кој претходно негираше дека го прекршил Уставот) самиот да објасни што се случило.

„Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа – не е одговор и треба да има одговорност. Тој треба да понесе политичка одговорност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие додаваат дека не смее најголемите пропусти и кршења на Уставот и на законите да поминуваат само со објаснување.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -