Заев: Споменици се градеа не зашто Груевски веруваше во Александар Македонски, туку затоа што за нив нема тендери

„Разликата меѓу нас е небо и земја, односно како од тука до Месечината“, изјави претседателот на СДСМ и премиер на Владата – Зоран Заев, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово, правејќи паралела меѓу владеењето на неговата партија и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во контекст дека низ духот на пријателството, а притоа внимавајќи на идентитетските атрибути, треба да се бараат и ќе се најде решение и со Бугарија, Заев обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше на власт, ништо од стратешките прашања не решила, туку целосно се посветила на грабање.

„Земаа сѐ што можат, како гусари-освојувачи зграбија. Споменици се градеа не затоа што Груевски веруваше во Александар Македонски, туку затоа што за нив нема тендери“, рече Заев.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -