Мицкоски за Османи: Жалам што тој човек сè уште е министер за надворешни работи

Добро е што СДСМ „се надраснале“ и се обединиле околу „носечкиот столб на македонските национални интереси – ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија – Христијан Мицкоски, во интервју за „Вечер“.

Тој истакна дека очекува поддршка и од албанските партии, односно „ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците, како мнозинска заедница“.

„Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ“, рече Мицкоски.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не го поштеди министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ – Бујар Османи, за неговата изјава во која ја критикуваше Резолуцијата.

„Жалам што тој човек што ја даде таа изјава, дека Резолуцијата е штетна за Македонија, сè уште е министер за надворешни работи“, вели Мицкоски во интервјуто.

„ДУИ ја гледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуција за Бугарија како обид да се добијат политички поени во пресрет на локалните избори… Несериозно е државните интереси да се ставаат во функција на избори. Тоа им штети на интересите на државата и сите граѓани“, изјави Османи пред три дена за „Алсат“. И денеска тој, во име на ДУИ, побара Резолуцијата, односно процесот на утврдување на „црвените линии“ да почне од нула, со целосен политички консензус, а не „наметнат од една партија“.

Целото интервју на Мицкоски, ТУКА.

- Реклама -