Минов: Убедливи се аргументите дека еколошката такса нема да влијае на стандардот на граѓаните

Еколошката такса ќе значи усогласување со европската регулатива, според која услов за земја како што сме ние е и сама да учествува во еколошки проекти, изјави Панчо Минов од СДСМ во „24 анализа“ на ТВ24.

„Треба да учествува со 48% и ние за да може да бидеме корисници на таква сериозна декларативност, треба не само да се дебатира за да се расчистат некои прашања, туку и да се усвои“, објасни тој.

Според Минов, еколошкиот данок ќе придонесе за транзицијата од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, а притоа ќе се создаде и обновлив еколошки развоен фонд со неколку намени.

Според Минов, има „многу убедливост“ и во аргументите дека еколошката такса нема да влијае на стандардот на граѓаните.

- Реклама -