Заев: Македонија никогаш немала повеќе пријатели од сега, со полна уста пофалби зборуваат за нас

„Без Дебар не можеше да се победи режимот во 2016 година, а од тогаш навака нѐ поддржувате постојано, затоа му должиме на Дебар и треба да продолжиме да го градиме и развиваме“, изјави лидерот на СДСМ – Зоран Заев, на партиската трибина во Дебар, потсетувајќи ги дебрани на неговото ветување дека Северна Македонија ќе биде модерна мултиетничка земја, членка на ЕУ и НАТО.

„Јас сум истиот Зоран што беше кај Макрон пред некој ден, бев насекаде во светот и бевме испочитувани сите ние како народ за она што заедно го правиме во земјава. За десет до петнаесет дена поминав земји и со кои не сме имале најблиски релации во минатото, а денеска со полна уста пофалби државниците од Грција, Полска, Холандија и други зборуваат за нас“, истакна Заев.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Тој подвлече дека денеска рамноправно со сите светски сили седиме рамо до рамо, заедно дискутираме за сигурноста, но и за економскиот просперитет.

„Македонија никогаш немала повеќе пријатели од сега, но имаме обврска да работиме за татковината и да го креваме економскиот стандард“, порача тој, додавајќи дека пријатели сме и со оние што знаат да ни направат проблеми, како Бугарија, но дека ќе се разговара, а со дијалог ќе се постигнат и резултати.

„Честа што ни ја изразуваат во странство е благодарение на целиот наш народ. Почитувани сме бидејќи ја вративме слободата и демократија, а граѓаните се еднакви во своите права и обврски“, констатира Заев.

- Реклама -