Спасов: Радев, Џамбаски и компанија да им соопштат на ЕУ и САД до каде се спремни „да ги бранат Бугарите во Македонија“

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов

Речникот на генералот Радев

“Загрозеноста на Србите” во Хрватска, Босна и на Косово беше клучниот националистички аргумент на Слободан Милошевиќ во неговата политика која доведе до непријателства и војни по кои имаше многу жртви и страдања а тој заврши во Хаг.

ЕУ и САД треба да го следат речникот на Румен Радев и на другите бугарски националисти, кои од тврдењата за “непочитување на Договорот” од македонска страна и наводниот говор на омраза во Македонија против Бугарите, дојдоа до тврдењата за некаква “дискриминација и загрозеност на Бугарите во Македонија” кои веројатно” тие имаат света должност да ги спасуваат” како во Првата, во Втората балканска војна и во време на Втората светска војна, во кои секогаш доживуваа пораз, но не извлекуваа поука.
Ако постои таков проблем, тој не се решава со вета и блокади, туку со многу поагресивни средства,па и со воена интервенција ако треба за “ослободување на Бугарите” на “окупираните територии”.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Време е генаралот Радев и сите потписници на Рамковната позиција, и нивниот европратеник Џамбаски, да им соопштат на САД и на ЕУ до каде се спремни да одат во “одбраната на Бугарите во Македонија” и за што ја подготвуваат бугарската јавност.

Ова е Балкан и тука се веќе видени такви сценарија.

Македонија и Македоците со сите други граѓани кои живеат во Северна Македонија, секогаш умееле да си ги одбранат своите национални интереси и своето национално достоинство. Таа не се плаши од “националистички умови и петарди”. Но, должна е да потсети на “веќе видени работи на Балканот” од ароганцијата на голем број балкански националисти кои сега ги има и во земји членки на ЕУ.

- Реклама -