Шилегов за бугарското вето: Недозволиво е Скопје и Тирана да бидат заложници на примитивните политики од 19. век

Градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов, споделувајќи ја својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на Скопскиот економски форум, искоментира и на темата колку ветото на Бугарија ќе се одрази на Македонија и на Албанија, односно на понатамошниот развој на градовите во овие земји.

„За жал, ние како градоначалници, сме заложници на политики кои што се креирале или кои што се креирани во 19-от век, а чии последици ги чувствуваме сега, во 21-от век. И мислам дека е недозволиво целиот регион на Западен Балкан, пред сѐ Северна Македонија и Албанија, да бидат заложници на примитивизмот во политиката“, рече Шилегов.

Прочитајте и:  ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

„Јас ќе бев многу посреќен, како градоначалник, доколку во Бугарија беше донесена одлука да биде изграден автопат од Софија до Скопје, отколку да биде донесена одлука да и Македонија и Албанија бидат блокирани во процесот на евроинтеграции. Ама ние ќе донесеме одлука да изградиме автопат меѓу Скопје и Тирана“, рече Шилегов, додавајќи дека иако и Скопје и Тирана се сериозно понапреднати од многу европски центри во имплементација на урбаните политики, сега се „заложници на примитивните политики од 19 век“.

- Реклама -