Маричиќ: За сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството

„Сметам дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството на двата народа“, изјави министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ – Бојан Маричиќ, во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој потенцираше дека прашањето на посебноста на македонскиот јазик и посебноста на македонскиот идентитет во ниту еден момент не биле предмет на преговори, ниту пак ќе бидат предмет на преговори.

„Португалскиот предлог е основа за наоѓање на решение со Бугарија. Во него има прилично конкретни формулации кои можеби не ни се допаѓаат на прв поглед, но се добри како компромис за да се утврди дека постои различно мислење во двете држави и кај двата народи по одредени прашања, но и механизам за надминување на тие прашања“, вели министерот за правда, додавајќи дека очекуваат формирање на влада во Бугарија која ќе биде кредибилен политички партнер со кој ќе може да се воспостави контакт за дијалог.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Во дебатата со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ – Влатко Ѓорчев, Маричиќ рече дека опозициската партија во 11 години на власт испорача изолација и сиромаштија и држава од која сите сакаат да заминат.

„Од сите адреси низ Европа и светот ни кажааа дека биле лажени со години за состојбата во државата и желбата да се решат споровите. Ние тргнавме да ја извлекуваме државата од калта на ВМРО-ДПМНЕ и ја направивме членка на НАТО“, подвлече Маричиќ.

- Реклама -