Растот на просечната плата продолжува, истакна премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
Како што посочи тој, во април годинава просечната плата изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10.1%, односно за 2.608 денари, во споредба со април 2020, кога изнесувала 25.830 денари.
„Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28.6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.7%)“, прецизира Заев.
„Платите ќе растат и понатаму, бидејќи се грижиме за сите граѓани подеднакво!“, порача премиерот.