Бугарија денеска на министерскиот состанок во Луксембург не го повлече, односно уште еднаш го потврди ветото, и покрај реакциите на земјите-членки.
Како што пренесува „Дојче веле“, дебатата за проширувањето била прилично жестока, посебно во однос на С. Македонија и блокадата од Бугарија. Според присутните, Германија покажала силна заложба за почеток на преговорите, а критиките биле многубројни – Софија била предупредена од другите членки дека со таквиот чекор „ЕУ си пука во нога“ и дека во прашање е кредибилитетот на Унијата.
Бугарската страна, предводена од заменик министерот за надворешни работи – Румен Александров, сепак не попуштила, а се бранела со аргументите дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ меѓу Скопје и Софија, дека спорот е европско (а не билатерално) прашање, но и дека Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради изборите во јули. Повеќе ТУКА.