Каракачанов навива за „другата репрезентација на Бугарија“ на Европското првенство

Македонската репрезентација е репрезентација на другата бугарска држава, изјави екс-министерот за одбрана на Бугарија – Красимир Каракачанов, во гостување во „Бугарија 24“, објаснувајќи зошто на Европското првенство во фудбал навива, како што сам откри, за Македонија.

„Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли?“, одговори лидерот на ВМРО-БНД, која во пресрет на новите парламентарни избори во Бугарија, преку бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, објави ново видео во кое порачува дека „Македонија е бугарска“.

 

- Реклама -