Трогателно видео за македонско-бугарските односи

„Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ“, ја повтори пораката вечерва премиерот Зоран Заев, овојпат со видео компилација од средбите и изјавите во Софија, додека во позадина свири инспиративна инструментална музика небаре се работи за хепи енд во Дизниев анимиран филм.

„На средбите во Софија го активиравме дијалогот и потврдивме дека сме за пријателство. Дијалогот ќе донесе решение за нашите народи, за младите, за заедничката европска иднина.

Решенијата мора да водат грижа за интересите на двете страни. Само така граѓаните ќе ги поддржат и само така ќе имаме успешна реализација“, порачува премиерот.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување
- Реклама -