Заев од Софија: Главата горе момци, чест е кога нашите соседи навиваат за вас

Чест е да се гледа македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство – порача премиерот Зоран Заев, кој, како што објави на Фејсбук, мечот го следел заедно со бугарскиот премиер Стефан Јанев. Уште поголема чест, оцени Заев, е кога нашите соседи навиваат за нашите фудбалери.

„Бугарскиот премиер Јанев даде поддршка на македонската репрезентација во натпреварот со Украина.

И од трибини, и од дома и за време на работната посета на Софија, сите ги бодриме македонските фудбалери до последната минута, до последниот натпревар!

Главата горе момци, чест е да се гледа македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство! Уште поголема чест е кога нашите соседи навиваат за вас!“, порача премиерот, од Софија.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

- Реклама -