Денеска на скопскиот аеродром пристигна најавената донација на 20.000 вакцини од „АстраЗенека“ од Грција, информира министерот за здравство – Венко Филипче, кој ги пречека вакцините.
„Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција – Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ, се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел“, соопшти Филипче.
Тој додаде дека меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид-19.