Денеска, за прв пат по 2 септември 2020 година, не бележиме ниту еден починат од Ковид, информира Министерството за здравство.
Вирусот, велат, е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме сѐ поблиску до ставање крај на агонијата. Од МЗ потсетуваат дека мерките сепак мора и натаму да се почитуваат, а еднствен начин да се намали бројот на жртви е масовната вакцинација.
Како што информира министерството, во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19. Новозаразените се од:
• Скопје 3
• Тетово 2
• Велес, Кичево и Охрид по 1
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:
• Скопје 3
• Куманово
• Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен по 1
Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.