МВР испрати тим од пет полицајци да помогнат во обезбедувањето на Европското првенство во Букурешт

Министерството за внатрешни работи информира дека по повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, а во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испратило свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11 до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт.

Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина, да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, а истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот, се вели во соопштението.

Прочитајте и:  МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

„На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик“, додаваат од МВР.

- Реклама -