Макрон: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување (ВИДЕО/ФОТО)

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување“, порача францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев, пред работната вечерва која вечерва ќе ја имаат во Елисејската палата.

Заев истакна дека остварувањето на работната вечера е посебна чест и се заблагодари во свое, во име на Владата и во име на граѓаните на Северна Македонија. Тој оцени дека денешната средба ги збогатува билатералните пријателски врски, а за Макрон рече дека има посебно место во развојот на македонско-француското пријателство, особено со неговата јавна поддршка на Договорот од Преспа.

Заев оцени и дека самитот на Европскиот совет во јуни е вистинска можност за напредок и решение за отстранување на блокадата од Бугарија, преку дијалог, а Франција може да биде мотор на ЕУ проширувањето.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

„Вечерва имаме историски важна работна посета во Париз, на покана на Претседателот Макрон.

Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона, во која порача дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан.

За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време“, напиша Заев на Фејсбук.

- Реклама -