Општина Липково ќе гради спомен кула од 200.000 евра во чест на ОНА

Спомен кула од нешто над 12.1 милиони денари, односно речиси 200.000 евра, ќе изгради Општина Липково во Слупчане во чест на ОНА (aka. UÇK). Договорот за изградба бил склучен минатиот месец, а од вчера е наведен и на сајтот на Бирото за јавни набавки, објави „Фокус“.

Кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, а треба да ја заврши во рок од шест месеци, односно најдоцна до 25 ноември.

Токму на местото каде што треба да се гради споменикот, лидерот на позеленетата ДУИ – Али Ахмети, по повод 20-годишнината од воениот конфликт во 2001 година, положи свежо цвеќе со ветување дека кулата ќе биде завршена до 28 ноември, посочува „Фокус“. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности
- Реклама -