Ахмети објаснува зошто баш сега ДУИ стана „зелена“

Откако 19 години се бореле за правата на Албанците, сега ДУИ може да се фокусира на проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија, вели лидерот на интегративците – Али Ахмети, во гостувањето во „Click Plus“ на ТВ21, кое ќе биде емитувано во 21.30 часот, прашан зошто токму сега ДУИ се пренасочува кон зелената агенда.

Како што рече Ахмети, ДУИ 19 години имала друга агенда и сериозни предизвици барајќи ги правата на Албанците, но и приоритет Македонија да стане членка на НАТО.

„Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен. Правичната застапеност беше наш приоритет. Генерално, се боревме за правата на Албанците. Наш приоритет беше зачленувањето на Македонија во НАТО. Тука имаме и ние сериозен придонес. Сега, можеме да се фокусираме кон проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија“, рече Ахмети.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

„Граѓаните знаат дека ДУИ ветува и испорачува. ДУИ секогаш ги добива изборите“, додаде претседателот на ДУИ, потенцирајќи дека „сега одиме сите заедно напред“ и дека очекуваат поддршка.

- Реклама -