Вучиќ: Сакаат да го признаеме Косово и да завршиме како Зоран Заев со Преспанскиот договор

Србија никогаш не била економски посилна од сега, аргументираше спрскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното гостување во „Кирилица“ на ТВ „Хепи“. Сепак, најголемиот дел од разговорот се однесуваше на Косово.

Во пресрет на посетите на Лајчак и Палмер на Белград, кои денес и утре се во Приштина, Вучиќ рече дека Палмер „ништо ново нема да му каже, туку дека преку притисок ќе ја спроведува својата политика“, како и Лајчак кој, според Вучиќ, мора да ги слуша Берлин и Париз кога му велат дека Косово мора да биде независно“.

Тој потенцираше дека притисокот врз Србија околу признавањето се зголемува, и тоа координирано. Како пример ги посочи зајакнувањето на врските меѓу Грција и Косово и можноста таа да ја признае неговата независност, но и Шпанија, која во Косово ја отвори својата прва дипломатска канцеларија, иако на пониско ниво.

Сепак, Вучиќ истакна дека нема место за паника, дека тоа го предвиделе многу порано и е дел од растечкиот притисок на ЕУ и САД за решавање на Косовското прашање. А за решение, смета српскиот претседател, Западот го смета признавањето на Косово од страна на Србија, при што Србија ништо не би добила. Тоа го аргументираше правејќи паралела со македонскиот премиер Зоран Заев и Преспанскиот договор со Грција. Крајната цел, рече Вучиќ, не е независноста на Косово, туку преку Косово „да се сруши Србија“.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

„Чув од еден кинески функционер дека не е сѐ во врска со Ковосо, туку дека преку Косово сакаат да ја срушат цела Србија. Тоа не е далеку од вистината, иако ќе зборуваат дека се најмодерни и најдобри оние политичари кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово, а Србија да не добие ништо – само три дена убави приказни во вестите, па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев околу Преспанскиот договор“, рече Вучиќ.

Според него, во моментов на власт во Приштина се „големоалбански јастреби“ кои уживаат огромни симпатии од Западот, посебно од Германија.

- Реклама -