Министерот за здравство – Д-р Венко Филипче, заедно со директорите на Институтот за трансфузиона медицина и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa – Струмица, вчера на премиерот Зоран Заев му врачија благодарница за личната донација на семејството Заеви за реновирање на оваа здравствена установа.
Како што беше соопштено и претходно, Службата за трансфузиона медицинa во Струмица за првпат по 35 години беше реновирана и рехабилитирана, со што струмичани добија модерен простор по највисоки стандарди за непречено дарување крв.
Се работи за целоснo реновирање на чекалната, амбулантите за преглед и земање крвни примероци, салата за пункција на крводарителите, кујната за освежување на крводарителите, лабораторијата за имунохематолошки анализи, лабораторијата за хемостаза и хемостатски нарушувања, кабинети за лекарите специјалисти, собата за дежурство за лаборантите и тоалетите. Реализацијата на проектот започна во февруари годинава, а заврши во април.
Реновинараната Служба за трансфузиона медицинa во Струмица министерот Филипче и премиерот Заев ја промовираа на 1 мај во пресрет на Велигден, кога заедно даруваа крв.