Министерот за здравство – Венко Филипче, денеска соопшти дека пристигнале уште 10.530 дози од вакцината на „Фајзер“.
Како што посочи тој, 5.850 од нив се обезбедени преку директни преговори со производителот, додека 4.680 дози се обезбедени од ЕУ како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), која ја координира Австрија.
Количините на вакцини постојано се дополнуваат, а граѓаните да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, апелираше уште еднаш Филипче.