Петровска: Легализацијата на дивоградбите укажува дека не сме подготвени да ја практикуваме правната држава

„Легализацијата на дивоградбите не укажува дека сме подготвени да ја практикуваме правната држава“, изјави во гостувањето на ТВ „Телма“ директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ана Петровска.

Според неа, со предложениот закон се ставаат во неправедна положба сите оние што граделе со дозвола, наспроти оние кои градат без дозвола, особено кога дивото градење се одразува на животната средина.

Таа подвлече дека во националните паркови се прави зонирање и точно се дефинира каде може, а каде не може да има некаква инфраструктура, и дека, оттаму, не смее сите дивоградби да се легализираат.

„Очекувам дека во Министерството за животна средина сериозно ќе си ја сфатат задачата и ќе бидат бариерата за легализација на дивите објекти“, рече Петровска.

- Реклама -