Досега во државата се вакцинирани 40% од граѓаните над 70 години

40% од граѓаните над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со тоа, 33% од граѓаните над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што истакнува министерот, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини. Ревакцинирани се 31.599 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Од нив, 7.445 примиле прва доза вакцина, а останатите биле ревакцинации.

Досега на веб платформата vakcinacija.mk за вакцина се пријавиле вкупно 376.987 граѓани.

Претпладнево, пак, Министерството за здравство информираше дека вчера пристигнаа уште 9.360 дози од вакцината на „Фајзер“. Од нив 4.680 се преку директен договор со производителот, односно се дел од договорот според кој „Фајзер“ секој понеделник на Македонија треба да ѝ испорача меѓу 5.000 – 7.000 дози, до конечните 26.000 предвидени за месецов.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Преостанатите 4.680 дози од „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), посочуваат од МЗ. Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а ЕУ за Македонија ќе обезбеди вкупно 119.213 вакцини.

„Пријави се на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација“, денеска уште еднаш апелираше Филипче.

- Реклама -