Бугарија отвори два пункта за вакцинација на граѓани од Македонија, не мора да поминувате граница

Бугарија отвари два центри за вакцинација на македонски граѓани против Ковид-19. Пунктовите се наоаѓаат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково – Делчево, и Златарево – Ново Село. Поради тоа, граѓаните нема да мораат да ја минат границата, што значи и дека нема потреба да прикажат негативен ПЦР тест, пренесува „Дојче веле“, откако информацијата ја објави бугарската „БНТ“.

Граѓаните кои ќе одлучат да се вакцинираат во овие пунктови ќе можат да изберат со која вакцина ќе се имунизираат. На располагање се вакцините на AstraZeneca, Pfizer/BioNTech и на Moderna. Имунизацијата започнува утре, но, според бугарските медиуми, веќе има жители на државава кои се пријавиле. Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -