Со видео од моментот кога ја прими вакцината, Филипче повикува сите граѓани да го сторат истото (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера ја прими вакцината на „Синофарм“, објави видео од моментот на неговата вакцинација.

Со тоа, тој уште еднаш порачува дека сите вакцини се безбедни и ги повика граѓаните да го сторат истото, бидејќи е неопходно за победа во борбата со пандемијата.

„Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали – има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓании кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите“, подвлече министерот.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Филипче посочи и дека системот на вакцинација добро се спроведува, при што акцент е ставен на сите пријавени на сајтот vakcinacija.mk, со приоритет по возрасна група, а паралелно на тоа, еден помал дел вакцини одат кон вработените во критичната инфраструктура – процес што е започнат уште пред неколку недели.

Според министерството за здравство, интересот за вакцинација се зголемува и се очекува и натаму да продолжи со добра динамика. Досега во државата се вакцинирани вкупно 104.962 граѓани, од кои 20.650 имаат примено и втора доза. Од граѓаните од старосната група над 70 години, 28% имаат примено барем една доза. На веб-платформата vakcinacija.mk пријавени се над 256.346 граѓани.

- Реклама -