За два до три месеца ќе биде донесена конечната одлука за потенцијално најголемата странска инвестиција во државава. Се работи за германскиот производствен гигант и еден од водечките глобални партнери во фармацевтската и здравствената индустрија, кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика – „Гересхајмер“, а кој започна со работа во Македонија.
Започната е првата фаза тешка околу 30 милиони евра и околу 350 вработувања, но сепак, компанијата најавува уште поважни и поамбициозни планови. Деталите, за „Дојче веле“, ги сподели потпретседателот на компанијата – Оливер Бургел. Се работи за одлука за проширување на производствениот капацитет, што, ако се реализира, ќе значи дека во близина на Скопје ќе се произведува амбалажа за вакцините против коронавирусот кои се користат ширум светот.
Бургел, притоа, изразува задоволство од досегашниот тек на работите.
Според него, првата фаза, во која компанијата стартува со производство на специјални високософистицирани навртки за шприцеви, се одвива според планот. Идејата, вели тој, е доколку се постигнат очекуваните резултати, инвестицијата да се прошири. Според Бургел, се работи за двоцифрена милионска сума, во насока на околу 100-милионска инвестиција. Тој потенцира дека плановите се сѐ уште во фаза на разговори, но и дека клучна улога врз конечната одлука ќе има и поддршката која компанијата ќе ја добие од Владата. А досега, подвлекува Бургел, поддршката е многу добра. Повеќе прочитајте ТУКА.