Економски удар, зголемена невработеност, нелегално обложување и сива економија се реална закана од нелогичните измени на Законот за игрите на среќа, вели во интервју за Локално, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, Васко Илијевски.
Од Асоцијацијата се децидни во својот став дека ќе излезат на протести доколку измените на Законот за игри на среќа бидат изгласани во предложената форма, бидејќи истите „ќе остават на улица над 3.500 вработени во обложувалниците и повеќе од 8.000 луѓе во целата стопанска гранка и ќе стават крај на легалното спортско обложување“.
Измените кои вклучуваат воведување физичка дистанца од 500 метри меѓу објектите за игри на среќа и образовните институции, како што покажуваат анализите на АСОМ, би значеле затворање на преку 98% од деловните објекти ширум земјата, а сите вработени остануваат без егзистенција.
Во контекст на зголемувањето на давачките, од АСОМ велат дека приредувачите на игрите на среќа во земјава во моментов ионака ги плаќаат највисоки даноци во Европа и сметаат дека дополнителните зголемувања на даноците кои ги предвидуваат законските измени се целосно контрадикторни со предлогот од 500-те метри. Велат, ако ова се усвои и се затворат спортските обложувалници, државата нема да биде во можност да ги наплати и оние, повеќе од 250 милиони евра, кои на годишно ниво се слеваат во државното ќесе по сите основи од работењето на игрите на среќа.
Во однос на воведувањето минимален праг од 900 евра по уплатно-исплатно место на месечно ниво, на веќе постоечката месечна давачка од 20%, Илијевски смета дека оваа предлог измена не е во склад со статистиките и е нереално барање, бидејќи и при отсуство на позитивен резултат меѓу примените уплати и исплати, односно и при загуби, приредувачот ќе биде обврзан да ја плаќа оваа сума.
И ова, велат од АСОМ води кон нерентабилност, забрзано затворање на уплатно-исплатните места и повторно, губење на работни места за илјадници граѓани.
Потенцираат дека и во време на тешката ковид година, спортските обложувалници не отпуштиле ниту еден вработен, а компаниите редовно исплаќале плати и придонеси. Ова е уште еден показател дека игрите на среќа се силен импулс за државната економија, а законот кој се предлага е „убиствен“ предлог кој ќе ја клекне економијата на колена, сметаат од АСОМ.
* Комерцијален текст