Костовски: Куманово одново ќе ги казни ВМРО-ДПМНЕ и нивните обиди за одбрана на насилството и криминалот

„Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира за одбрана на насилство и одбрана на насилниците од 27 април. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот“, изјави денеска за медиумите Мартин Костовски, пратеник на СДСМ. Со денешниот протест, обвини тој, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа спроти интересите на граѓаните кои ги претставуваат и кои преку Буџетот ги плаќаат.

„Наместо да работат во интерес на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеникот од Куманово, Бране Петрушевски, работат во интерес на нивниот ментор од Будимпешта, Никола Груевски.

Во Собранието шират лажни вести, блокираат и кочат, надвор од Собранието бранат криминал и насилство, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и овде во Куманово и низ целата држава“, рече Костовски.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Тој порача дека опозицијата, колку и да се обидува, нема да успее да го одбрани криминалот, ниту да ги рехабилитира насилниците од крвавиот четврток.

„Куманово редовно ги казнува деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го стори тоа и повторно, Куманово не сака бранители на криминал и насилство. Затоа и во Куманово и во целата држава, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција“, порача Костовски.

- Реклама -