Заев: Најдобро е Груевски да си дојде, да продискутираме

„Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне и ако има што да каже, најдобро е да си дојде дома и да продискутираме“, вака премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање по повод вчерашниот Фејсбук статус на екс-премиерот во Будимпешта – Никола Груевски, кој се однесуваше на инвестициите во индустриските зони и економските чекори на Владата.

Во тој контекст, Заев истакна дека сѐ што почнала минатата Влада на Груевски и што било добро, актуелната Влада го продолжила. „Скопје 2014“ не бил продолжен затоа што не бил добар проект, но инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка – продолжуваат, потенцираше премиерот.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата“, му порача тој на Груевски.

- Реклама -