Денешните настани во Собранието, освен што ја брануваа јавноста, би можеле да предизвикаат и загриженост кај тимот од „Зевзекманија“, затоа што инспирирана од пратениците од владејачкото мнозинство кои денеска гласаа во скафандери, опозицијата, се чини, започна да снима и хумористични скечови.
Во главна улога е портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски, кој, преку пародија, се обиде да долови дека е скандалозно она што денеска го направила власта со тоа што „донела“ заразени пратеници во скафандери да присуствуваат и гласаат на собраниските седници. Колку е обидот на Стоилковски (и новинарот Митовски од „Инфомакс“) успешен, судете сами: