„Сите фази кои што ги најавивме пред донесување на концепцијата за образование ги гледаме како веќе се реализираат во пракса. Сега сме април, програмата за прво одделение е донесена, за неколку дена ќе ја имаме програмата за четврто одделение, веќе се објавени конкурсите за пишување на учебниците и за илустратори за цртање. Осовременувањето ќе оди многу интензивно и затоа Светска банка одлучува да ја поддржи нашата држава во креирање на современо основно образование како база за развој на човечкиот потенцијал“, изјави министерката за образование Мила Царовска, во интервју на „Сител“.
Царовска додаде дека образовниот процес тече непречено и дека државата покажала капацитет дека може да го организира во услови на пандемија.
„Најзначајно е тоа што со секој чекор се трудиме да постигнеме еднакво образование за секое дете и тоа гледаме навистина интензивно да го сработиме во овој мандат. Важно е дека во моментов имаат сите еднаков пристап до образование што тече во континуитет, дали е ТВ, дали се принтани матријали… Учебната година во ниту еден момент не застана и ги држевме сите во кондиција образованието да тече“, рече Царовска.