Вицепремиерот за борба против корупцијата – Љупчо Николовски, соопшти дека го проширува тимот. За таа цел е објавен оглас за вработување на 10 лица кои со својата експертиза и посветеност ќе (му) се приклучат во борбата.
Како што вели Николовски, сузбивањето на корупцијата и криминалот, бара максимална екипираност и посветност, а идните членови на тимот ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава.
„Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување.
Ги повикувам јавно, сите професионалци кои имаат желба и знаење да придонесат во борбата против корупцијата и да станат дел од историските процеси, да се пријават на овој оглас. Преку транспарентна и правична селекција одбираме тим кој со своето делување ќе придонесе во трајно градење правен систем, систем ослободен од корупција и општество во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба“, повика Николовски.
„Сега е вистинскиот момент за исчекор напред. Оваа генерација има шанса да ја предводи таа предизвикувачка и комплексна борба! Создаваме држава која гарантира иднина за секој млад човек“, порача вицепремиерот.
НА ОГЛАСОТ МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.