Апасиев: Филипче до пред два дена тврдеше дека „нема правен основ“, а сега експресно ќе предложел закон за цените во приватните болници, откако таков најави Левица

„Ви дишеме во врат“ украсено со срценце, им порача на властите претседателот на Левица – Димитар Апасиев, по најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека ќе предложи закон за ограничување на висината на наплатата во приватните болници за лекување на болни од Ковид-19.

„Откако Левица најави дека неделава, во Собранието на РМ, нејзините пратеници ќе го поднесат специјалниот закон за максимирање на ЦЕНИТЕ во приватните болници, министерот Филипче – кој до пред два дена тврдеше дека ‘нема правен основ за тоа’ – сега експресно најавува сличен ваков закон, предложен од Владата!?“, посочува Апасиев.

Според него, само јавен притисок успева со, како што ги нарекува – „корумпираниве“.

Прочитајте и:  Апасиев за игрите околу Законот за бранители: Правната одговорност е кај Гаши, а политичката кај 58-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

„Не ни е криво шо препишуете наши идеи – криво ни е шо немате свои“ и  „Ќе летате заедно“, додава Апасиев.

- Реклама -