СДСМ: Поздравуваме што Мицкоски на Фејсбук ги промовира повисоките плати во здравството, реновираните болници и достапноста на нови лекови

СДСМ поздравува што Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук ги промовира повисоките плати во здравството, подобрените услови, реновираните болници и достапноста до нови лекови, велат од владејачката партија, како одговор на пост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кој овие предизборни ветувања на министерот за здравство Венко Филипче ги посочува како причини поради кои тој треба да си поднесе оставка.

Од СДСМ посочуваат, како што велат, неколку факти од изминатите 4 години, за да му се најделе на Мицкоски за следните статуси:

„1. Повисоки плати за здравствените работници:

• Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%
• На медицинските сестри платите се зголемени помеѓу 20% и 23%
• На општите лекари платите се зголемени за 25%
• На здравствени соработници платите се зголемени за 15%.

Зголемени се и капитациите за матичните лекари. Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15 посто повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод.

2. Нови и реновирани болници:

• Најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик!
• Реновирани се хируршките сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.
• Реновирани се и одделенијата за Дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.
• Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, а денес Клинички има сосема нов лик. Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила, инвалидизираните лица и лицата кои користат помагала, како и услови за движење со болнички помагала.
• Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово.
• Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија.
• Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес.
• Реконструирана е Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
• Реконструкција во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
• Во време на пандемија завршени и опремени се 19 монтажни болници во 16 градови, со најсовремени апарати и над 600 кревети.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Дополнително, набавени се 12 возила за Итната медицинска помош, од кои 6 за Здравствен Дом – Скопје со што за 100% е зајакната Итната медицинска помош.

3. Квалитетни и достапни лекови:

• Уништен е турскиот инсулин набавен со паралелен увоз , без сертификат, во време на ВМРО ДПМНЕ
• Воведени се три нови инсулини и дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет.
• Укинати се квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот.
• За 2 години воведени се пет нови лекови за рфетки болести: лек за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.
• Обезбедени се биолошки лекови со што за првпат сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.

Ова се само дел од фактите коишто на Мицкоски ќе му помогнат на следните фејсбук статуси за да не остане недокажан“, порачуваат од СДСМ.

- Реклама -